Monday, December 26, 2022

Читател за месец декември

 Ања Анѓеловска од 2-2 е прогласена за читател за месец декември со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот. 


Wednesday, December 7, 2022

Прогласен читател за месец ноември


Павел Велкоски од 2-2 е прогласен за читател за месец ноември со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот.


 Честитки и многу прочитани книги, Павел.

Tuesday, November 15, 2022

Библиотекарската секција на дело







Денес, 14.11.2022 библиотекарската секција во состав: Софија Ацевска, Стефан Дојчиновски, Филип Спасовски, Петар Ангеловски и Дафина Здравковска работеше во библиотеката на заведување на новите книги кои ги подарија учениците од 9-1 одд.

Исто така, членовите на секцијата се запознаа со сите фази на библиотекарското работење. Погледнете ги сликите.

Tuesday, November 8, 2022

Час по лектира и креативно пишување во 4-2 одделение во соработка со нашата библиотека

                                                          






 На 8.11.2022 година во одделението 4-2 библиотекарката на нашето училиште Наташа Старделова одржа час по лектира и креативно пишување, презентирајќи ја ги расказите „Маслинови гранчиња“, а потоа  учениците креативно твореа и пишуваа свои раскази/приказни на дадена тема.

Многу идни писатели се на повидок. Наскоро во оваа објава следат и трите најдобри приказни на темата „ Детето што плачеше“.


Детето што плачеше- од Нада Марковска


Убав е денот, топол и светол. Ама не и за Влатко. Тој е тажен. Седи сам со наведната глава и солзите капат по неговите образи. Сака да си игра со децата, ама се плаши. Секој ден едни две исти деца постојано му дофрлаат погрдни зборови. Тој трпи цело време и молчи од страв дека ќе го истепаат, бидејќи се поголеми и лоши спрема него. Не знае зошто се такви, се чуди и се прашува каде згрешил и што да прави. Си вели: - Да кажам ли на наставничката, да кажам ли на мама или на тато. Така си седи Влатко си мисли и си плаче. Девојчето Лила му пријде на Влатко и го праша зошто е тажен. И` беше жал што плаче и го покани да играат брканица. Лили ги избриша солзите на Влатко, и за момент тој навистина заборави на стравот и си вети во себе дека ќе каже на наставничката за децата и така тие ќе престанат да го навредуваат. Влатко ја прегрна Лили и со радост го прифати нејзиното другарство. 


                                           Детето што плачеше- Кристијан Јовевски

Едно дете си играше со една волшебна топка. Таа можела да лета високо и да прави други волшебни работи. Но, детето за тоа не знаело. Еден ден детето ја шутирало топката, а кога ја шутнало пресилно, во тој момент топката се скаменила. Детето се зачудило и ја шутнало уште посилно, па тогаш топката летнала високо и паднала во едно езеро, каде се скрила многу длабоко. Детето многу ја сакало својата топка и почнало да плаче бидејќи ја изгубило. Но волшебната топка го слушнала плачот на детето, се кренала и се вратила кај детето. Тоа било многу среќно, па и рекло: - Отсега ќе бидам внимателен со мојата волшебна топка. 


                                                    Детето што плачеше- Дарија Јаковчевска 

Еден убав пролетен ден тргнав на гости кај мојата другарка. Додека одев, минував низ паркот. На една клупа видов едно дете што плачеше. Се доближив до него и го прашав: - Зошто плачеш? Детето ги бришеше солзите со ракавот од блузата и молчеше. Повторно прашав: Зошто плачеш? Дали може некако да ти помогнам? Тогаш детето проговори и рече дека излегло од дома да го прошета своето кутре. Кутрето било многу среќно и детето решило да го пушти од ланецот за да потрча наоколу. Но, одеднаш детето го изгубило од вид, и сега не може да го најде. Јас му реков: - Ајде заедно да го побараме. баравме, баравме и случајно забележав кутре кое лежи исплашено под едно дрво. Детето викна по него, кутрето го здогледа и веднаш се стрча накај нас. Така заедно среќни тргнавме секој по својот пат, детето дома, а јас кај мојата другарка. 


Бонус - Песна

Детски сон- Илина Трајковска


Сонувај ти слатко, детенце

во детски сон.

Во сонот ќе видиш сенешто

куп од слатки нешта може еден тон.


Пеперутка може шарена

Поголема и од слон, 

нема нешто невозможно

во детскиот сон.


Во сонот може да те брка 

и голема страшна ѕверка,

голем јунак ќе те спаси 

или мојата баба. 


Таа ќе те гушне

и тогаш мило

мама ќе те разбуди

 и гушне силно.

Monday, November 7, 2022

Час по лектира во 5-3 во соработка со библиотеката





 На 7.11.2022 година во одделението 5-3 библиотекарката на нашето училиште Наташа Старделова одржа час по лектира, презентирајќи ја бајката „Царската ќерка жаба“ и ја претстави работата на библиотеката пред учениците. Дискутиравме и за потребата од навика за читање на дополнителна литература, која ќе ги прошири нашите видици, ќе ја збогати фантазијата и ќе оформи оригинален начин на изразување и стил кај учениците. Исто така, учениците се запознаа со електронската библиотека, како и со списанието „Наш Збор“ кое ги следи настаните и случувањата во училиштето.  

Monday, October 31, 2022

Прогласен читател за месец октомври


 

Илина Цветановска од 3-2 е прогласена за читател за месец октомври со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот.


 Честитки и многу прочитани книги, Илина.

Литературно читање и доделување на благодарници по повод Месецот на книгата



 















На 1.11. 2022 ( вторник)  во 12.00 часот во средниот двор на училиштето се одржа литературно читање на творбите на учениците по повод Месецот на книгата. Исто така се доделија и благодарници за донираните книги. Валентина Варелова- наставник, Јана Нушева 5-1, Павел Ристовски 2-1, претставник/претседател на 5-2- добија благодарници за донираните книги. Никола Деспотовски 2-2, Софија Димеска 2-2, Ева Милосављевиќ 9-1, Антонија Спасовска 2-2, Ања Анѓеловска 2-2, Марија Василевска 2-1, Павел Ристовски 2-1 и Матеа Гиновска 4-1 ги прочитаа своите творби добија пофалници за учество на конкурсот. Матеа Гиновска од 4-1 беше наградена со пофалница за освоено прво место на конкурсот. Исто така, беше прогласен и читателот на месецот октомври, а овој пат тоа е Илина Цветановска од 3-2 одделение.


МОЈОТ СОН

 

Мојот сон е убав сон,

 мојот сон е сказна мала,

во неа ја кријам мојата тајна.

 

Мојот сон е песна слатка,

мојот сон е игра кратка.

Мојот сон е е книга што ме мами,

да сонувам  и фантазирам ме кани.

 

Се надевам дека еден ден

и мојот сон ќе стане стварност,

затоа што за мене е од голема важност.

 

Матеа Гиновска   IV – 1 одд.

ООУ,,Св.Климент Охридски”

Ментор Елена Иванова 





Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...