Благодарност до професорот Велко Тодевски, кој денес ја посети училишната библиотека и ја подари книгата напишана за него „Велко Тодевски Уметност и педагогија на контрабас" од Нора Бајрами. Прекрасно е чувството кога искусни и докажани професионалци се враќаат на корените и се навраќаат на спомените од училишните клупи, за што запис има и во книгата. Првата учителка засекогаш остава трага, дури и ако тоа било во далечните 1950ти години. Се надеваме на понатамошна соработка и споделување на богатото животно искуство.
Thursday, December 28, 2023
Friday, April 28, 2023
Донација од 100 нови книги од издавачката куќа „Арс Ламина“ за нашата библиотека
Денес, 27.4.2023 во нашето училиште пристигна донацијата на 100 нови книги од издавачката куќа ,,Арс Ламина" проект со кој оваа издавачка куќа го промовира читањето и ги збогатува училишните библиотеки под мотото „Читањето е супер моќ". Возбудата кај членовите на библиотекарската секција беше голема и со нетрпение чекаме да ги направиме првите позајмувања. Голема благодарност до Мароја Богоеска и Димка Јовевска за исцрпната презентација.
Wednesday, April 12, 2023
„Донеси книга, земи си книга“ по повод Денот на книгата- 23 Април
По повод Денот на книгата- 23 Април, библиотеката во училиштето во соработка со наставничките на 2-1 и 2-2 одделение, Тања Петков и Лиле Велјановска, спроведе акција „Донеси книга, земи си книга“ во училниците на овие одделенија.
Идејата е да се промовира читањето и меѓусебната размена на книги кај учениците. Огромна благодарност до Коцка ентериери за изработката на овие мини библиотеки.
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...
-
„Орхан и децата од нашата улица“- Неџати Зекирија Можете ли да раскажете барем еден од расказите кои се напишани подолу? Направете го тоа и...
-
Кој чита, чита и во ноември и во март. Така и Јована е повторно читател на месецот, овој пат на март. Девојчето со две имиња, Кога ми ги уб...
-
Викикамп 2025 на Попова Шапка Викикамп Попова Шапка е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за ...

















































