Showing posts with label конкурси. Show all posts
Showing posts with label конкурси. Show all posts

Tuesday, October 3, 2023

Конкурс по повод Месецот на книгата


 По повод Месецот на книгата, библиотеката при ООУ. „Св. Климент Охридски“ распиша литературен конкурс „Читам книга секој ден“. Најдобрите творби ќе бидат селектирани, наградени и прочитани на литературното читање на крајот на месец октомври.

Friday, April 7, 2023

Читко објавува конкурс '' Супер херои''

 Создаден од вредните раце на 4-2 одделение и нивната наставничка Јасмина Лакинска, Читко се  појави еден ден ненадејно во библиотеката, за да соопшти нешто важно. 


По повод Денот на книгата -23 Април се распишува литературен конкурс ( за сите ученици од 2-9 одделение)  и ликовен конкурс (за прво одделение) на тема:
  „Читањето е супер-моќ- Јас сум супер-херој“( за учениците од одделенска настава) односно
„Јас имам супер-моќ, јас творам“ (за учениците од предметна настава)
Составите или песните, а за првоодделенците, цртежите, доставете ги кај своите наставнички или во библиотеката најдоцна до 21.4.2023. На 24.04.2023 по повод Денот на книгата, ќе се одржи литературно читање и ќе бидат наградени најдобрите творби. 







 

Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...