Thursday, April 23, 2026

Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

 

Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

 Светскиот ден на книгата и авторските права е потсетник за длабокото влијание што книгите го имаат врз нашите животи. Тие едуцираат, забавуваат и инспирираат, нудејќи прозорец во различни перспективи и култури. Преку одбележување на овој ден, ги почитуваме авторите, издавачите и читателите кои придонесуваат за живописниот свет на литературата.



Thursday, April 2, 2026

Читател на месецот март

Кој чита, чита и во ноември и во март. Така и Јована е повторно читател на месецот, овој пат на  март. Девојчето со две имиња, Кога ми ги убиваа кучињата, Воденичарски приказни, Волшебникот од Оз... се само дел о д книгите што оваа љубителка на читањето ги прочитала. Честитки! Многу прочитани книги ти посакуваме, Јована!

 

Одбележан 2 Април- Денот на литературата за деца

  Одбележан 2 Април- Денот на литературата за деца, роденденот на Ханс Кристијан Андерсен. Оваа година го одбележавме денот со посета на библиотеката во ООУ ,,Рајко Жинзифов", а библиотекарката Александра Милчева подготви за нас интересни активности. Благодарност за гостопримството.











Одбележан Денот на детската литература во 4-1 одделение

  Денес, по повод Денот на детската литература, библиотекарката на нашето училиште одржа работилница со учениците од 4-1 одделение на која учениците правеа список на прочитани книги. Секој од учениците доби лист на кој ги запиша досега прочитаните книги, за секоја книга се добива поен, а дополнително се добиваат 10 поени за раскажана книга. Победниците ќе бидат соопштени наскоро кога ќе се разгледаат добиените списоци. 










Tuesday, March 31, 2026

Флора, Фауна, Покриви- изложба и креативна работилница во Чифте амам

  Денес, 26.3.2026 година, Ева Петрушева, Ема Настевска и Јана Цветановска, заедно со своите наставнички Валентина Терзиева и Наташа Старделова ја посетија изложбата во Чифте Амам под наслов Флора, Фауна, Покриви. Поканети од долгогодишната соработничка Маја Димитрова - едукатор во Националната галерија, заедно со учениците од Невена Георгиева Дуња, учениците имаа единствена можност да ја погледнат тековната изложба, а потоа инспирирани од уметноста да создадат свои дела. 






























Tuesday, March 10, 2026

,,Да читаме гласно 2026! "

  ,,Читајмо гласно" -прифатен повик и во основно училиште Св. Климент Охридски Драчево , Скопје, Македонија. Литературна средба со писателите Лили Арсова  и Атанас Крлевски од Велес, и младата авторка Тифани Михајловска со учениците од нашето училиште, каде ЧИТАВМЕ ГЛАСНО од самонаправените книги од конкурсот ,,Новогодишна бајка" и од книгите на нашите гости. Преубаво искуство!













































































Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...