На 9.5.2023 година учениците од 6 и 7 одделение го посетија Саемот на книгата кој се одржуваше од 4-10 мај во спортската сала Борис Трајковски. Учениците ги посетија штандовите на сите издавачки куќи и најмногу се задржаа на оние каде имаше литература за нивната возраст, па ги дополнија своите библиотеки со нови лектирни изданија, читанки на англиски и забавни наслови, но и подарок книги за своите блиски. Во 12 часот на штандот на Арс Ламина се запознаа со писателот Велко Неделковски и присуствуваа на промоцијата на неговата нова книга. На крајот тој делеше свои автограми, а договоривме и средба со него и кај нас, како негови домаќини. Времето со книга брзо минува. Мирисот на нова книга опива, а прочитувањето на нова книга воздигнува.
Tuesday, May 9, 2023
Книги, книги, книги- Сакаме книги- Посета на Саемот на книгата
На 9.5.2023 година учениците од 6 и 7 одделение го посетија Саемот на книгата кој се одржуваше од 4-10 мај во спортската сала Борис Трајковски. Учениците ги посетија штандовите на сите издавачки куќи и најмногу се задржаа на оние каде имаше литература за нивната возраст, па ги дополнија своите библиотеки со нови лектирни изданија, читанки на англиски и забавни наслови, но и подарок книги за своите блиски. Во 12 часот на штандот на Арс Ламина се запознаа со писателот Велко Неделковски и присуствуваа на промоцијата на неговата нова книга. На крајот тој делеше свои автограми, а договоривме и средба со него и кај нас, како негови домаќини. Времето со книга брзо минува. Мирисот на нова книга опива, а прочитувањето на нова книга воздигнува.
Subscribe to:
Posts (Atom)
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...
-
„Орхан и децата од нашата улица“- Неџати Зекирија Можете ли да раскажете барем еден од расказите кои се напишани подолу? Направете го тоа и...
-
Кој чита, чита и во ноември и во март. Така и Јована е повторно читател на месецот, овој пат на март. Девојчето со две имиња, Кога ми ги уб...
-
Викикамп 2025 на Попова Шапка Викикамп Попова Шапка е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за ...

















