Tuesday, December 9, 2025

Викикамп 2025 на Попова Шапка

 

Викикамп 2025 на Попова Шапка

 Викикамп Попова Шапка е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за време на викендот 5-7 декември 2025 година, и е посветен тематски за „Занаети и народни носии“. Проектот е во организација на Здружението Викимедија МКД. Годинава Викикампот се одржува во хотел Арена, Попова Шапка. Викикампот опфаќа ученици од различна возраст и од различни училишта од Македонија.Членовите на Вики клубот ,,Климент", Мила Филиповска и Калина Боцевска зедоа активно учество под менторство на Наташа Старделова, библиотекар во нашето училиште.  На кампот според програмата учесниците следеа предавања на темата и имаа уредувачки активности на Википедија на македонски јазик заедно со другите 40 волонтери, а резултатот беа 243 новонапишани  статии.













Tuesday, December 2, 2025

Промоција на книгата ,, Колку сме искрени да кренеме рака"

 

Промоција на книгата ,, Колку сме искрени да кренеме рака"

 На 19.11.2025 година во КИЦ беше одржана промоцијата на романот за тинејџери ,,Колку сме искрени да кренеме рака" на авторката Маја Трајковиќ, роман за тинејџери. 

,,Се прашуваме ли каков свет сакаме и како да го постигнеме? И во овој стварниот и во оној дигиталниот? 

Во дигиталното доба прекинат е дијалогот меѓу нас возрасните и тинејџерите. Тие се домородците, а ние сме дојденците, но како што умееле нашите со нас, така и ние ќе знаеме како со нив, оти тие ги немаат нашите искуства, за да се справат со потешкотиите од светот, што им го нудиме откако се родени.

А, исти сме биле ко нив, сме имале криза на идентитет, бубулички, двоумења и симпатии. Само кога би знаеле тие дека сме биле исти ко нив, можеби би ни кажувале речиси се' и не би се затворале во своите соби( ќелии) осветлени од мониторите. А, таму...... "- кажа Маја Трајковиќ, автор на романот. 

Рецензент и промотор на книгата беше Лилјана Пандева, која кажа дека романот е ултра модерен и современ. Таа нагласи дека темите кои се обработуваат во романот претставуваат новина во овој жанр. 

На промоцијата со драматизација на делови од книгата учествуваа и ученичките Јана Китановска и Анастасија Тодорова од 9-1 одд. и добија бројни аплаузи за својата изведба од присутните на промоцијата. 

Во нашата библиотека веќе имаме примероци од книгата потпишани од авторката и првите читатели се веќе закажани.













Читател на месецот ноември

 




 За овој месец пофален читател е Јована Цветковска од 4-1 одделение. Ја истакнуваме нејзината посветеност за читање и и посакуваме уште многу прочитани книги!

Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...