Wednesday, June 18, 2025

„Училишните библиотекари - поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите“

  Денес, 18.6.2025 се одржа стручна работилница на тема „Училишните библиотекари - поттикнувачи на интересот за библиотечна дејност кај децата и младите“ во нашето училиште „Св Климент Охридски“. Проектот ги обедини скоро сите библиотекари од градовите од секој дел од Македонија, кои со нетрпение ги очекуваат ваквите случувања за да се унапреди библиотекарската дејност.  Предавач на обуката во Скопје беше Маја Трајковиќ- библиотекар во ООУ „Невена Георгиева - Дуња“, а секој библиотекар доби примерок од прирачникот на др. Лили Бошевска, која во исто време држеше обука за библиотекарите на истава тема во својата Битола. Проектот е поддржан од Министерство за туризам и култура и претставува значаен настан за професионалното изградување на училишните библиотекари. 

На обуката преку интерактивни вежби се дискутираше за важноста на библиотеката и библиотекарите за учениците и создавањето на читачки навики кај младата популација во ова брзо и динамично доба. Се споделија добри практики, но се дискутираше и за проблемите и предизвиците со кои се соочуваме секојдневно. 

 Претставник од училиштето домаќин беше библиотекарката Наташа Старделова.

 














Tuesday, June 17, 2025

Ретроспективна изложба и работилница инспирирана од Анета Светиева

  Ретроспективна изложба и работилница инспирирана од Анета Светиева

Иако на летен распуст, нашите уметнички не одмараат. Мила Филиповска, Марија Тренкоска, Калина Боцевска и Јана Цветановска беа во Даут Пашиниот Амам каде ја разгледаа изложбата и се инспирираа да творат со глина. Прекрасно поминат ден, заедно со одговорните наставници: Стефанија Јонческа-Тонски, Валентина Терзиева, Виолета Божиновска и Наташа Старделова, Благодарност до Националната галерија на Македонија и едукаторот Маја Димитрова.



































Monday, June 2, 2025

Рекордер читател за учебната 2024-25 година

 По целосна анализа на податоците во библиотеката ви го соопштуваме читателот-рекордер за оваа учебна година, Матеј Младеновски од 2-1 одделение. За својата посветеност тој доби и награда -книга. Честитки, Матеј! Ти посакуваме безброј прочитани книги!

Читател на месецот мај

 




Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...