Tuesday, November 8, 2022

Час по лектира и креативно пишување во 4-2 одделение во соработка со нашата библиотека

                                                          






 На 8.11.2022 година во одделението 4-2 библиотекарката на нашето училиште Наташа Старделова одржа час по лектира и креативно пишување, презентирајќи ја ги расказите „Маслинови гранчиња“, а потоа  учениците креативно твореа и пишуваа свои раскази/приказни на дадена тема.

Многу идни писатели се на повидок. Наскоро во оваа објава следат и трите најдобри приказни на темата „ Детето што плачеше“.


Детето што плачеше- од Нада Марковска


Убав е денот, топол и светол. Ама не и за Влатко. Тој е тажен. Седи сам со наведната глава и солзите капат по неговите образи. Сака да си игра со децата, ама се плаши. Секој ден едни две исти деца постојано му дофрлаат погрдни зборови. Тој трпи цело време и молчи од страв дека ќе го истепаат, бидејќи се поголеми и лоши спрема него. Не знае зошто се такви, се чуди и се прашува каде згрешил и што да прави. Си вели: - Да кажам ли на наставничката, да кажам ли на мама или на тато. Така си седи Влатко си мисли и си плаче. Девојчето Лила му пријде на Влатко и го праша зошто е тажен. И` беше жал што плаче и го покани да играат брканица. Лили ги избриша солзите на Влатко, и за момент тој навистина заборави на стравот и си вети во себе дека ќе каже на наставничката за децата и така тие ќе престанат да го навредуваат. Влатко ја прегрна Лили и со радост го прифати нејзиното другарство. 


                                           Детето што плачеше- Кристијан Јовевски

Едно дете си играше со една волшебна топка. Таа можела да лета високо и да прави други волшебни работи. Но, детето за тоа не знаело. Еден ден детето ја шутирало топката, а кога ја шутнало пресилно, во тој момент топката се скаменила. Детето се зачудило и ја шутнало уште посилно, па тогаш топката летнала високо и паднала во едно езеро, каде се скрила многу длабоко. Детето многу ја сакало својата топка и почнало да плаче бидејќи ја изгубило. Но волшебната топка го слушнала плачот на детето, се кренала и се вратила кај детето. Тоа било многу среќно, па и рекло: - Отсега ќе бидам внимателен со мојата волшебна топка. 


                                                    Детето што плачеше- Дарија Јаковчевска 

Еден убав пролетен ден тргнав на гости кај мојата другарка. Додека одев, минував низ паркот. На една клупа видов едно дете што плачеше. Се доближив до него и го прашав: - Зошто плачеш? Детето ги бришеше солзите со ракавот од блузата и молчеше. Повторно прашав: Зошто плачеш? Дали може некако да ти помогнам? Тогаш детето проговори и рече дека излегло од дома да го прошета своето кутре. Кутрето било многу среќно и детето решило да го пушти од ланецот за да потрча наоколу. Но, одеднаш детето го изгубило од вид, и сега не може да го најде. Јас му реков: - Ајде заедно да го побараме. баравме, баравме и случајно забележав кутре кое лежи исплашено под едно дрво. Детето викна по него, кутрето го здогледа и веднаш се стрча накај нас. Така заедно среќни тргнавме секој по својот пат, детето дома, а јас кај мојата другарка. 


Бонус - Песна

Детски сон- Илина Трајковска


Сонувај ти слатко, детенце

во детски сон.

Во сонот ќе видиш сенешто

куп од слатки нешта може еден тон.


Пеперутка може шарена

Поголема и од слон, 

нема нешто невозможно

во детскиот сон.


Во сонот може да те брка 

и голема страшна ѕверка,

голем јунак ќе те спаси 

или мојата баба. 


Таа ќе те гушне

и тогаш мило

мама ќе те разбуди

 и гушне силно.

No comments:

Post a Comment

Од идеја до книга

   Денес, на 4.11.2024 година, во библиотеката на ООУ ,,Невена Георгиева -Дуња"  се одржа литературна работилница, како активност по по...