Thursday, February 9, 2023

Петар Пан- Креативен пристап при обработка на лектира



 Можете ли да раскажете барем еден од дел од книгата?

А да нацртате?

 Направете го тоа и донесете ги своите мини книги за лектира во библиотеката на училиштето. Следуваат награди за најкреативните изработки.

Wednesday, February 8, 2023

Најчитана книга во месец јануари е „Орхан и децата од нашата улица“ од Неџати Зекирија

 „Орхан и децата од нашата улица“- Неџати Зекирија

Можете ли да раскажете барем еден од расказите кои се напишани подолу? Направете го тоа и донесете ги своите прераскажувања во библиотеката на училиштето. Следуваат награди за најкреативните прераскажувања и за оние кои ќе раскажат најмногу раскази.

Изданието „Орхан“ од авторот Неџати Зекирија претставува изборна лектира за учениците од четврто одделение.

Збирката „Орхан“ (издание од 2004 година) содржи 33 раскази, поделени во четири циклуси:

  • Децата од нашата улица
  • Кој е смел?
  • Сказна за елката, и тажна и радосна
  • Како Орхан ја зaмислува слободата
  • Зошто запреле автобусите
  • Пајтонџијата и децата
  • Подарок за мајката
  • Стариот поштар
  • Оркестар
  • Орханови се преселија во нова куќа
  • Што е убаво, а што грдо
  • Мали и големи деца
  • Ѕидот како сведок
  • Најскап кој е
  • Деца фалбаџии
  • Птица
  • Роденден
  • Не ја зедов, туку ја изедов
  • Сказна за една слива
  • Сон
  • Тројца другари
  • Топола

  • Децата од новата улица
    • Момчето од циркусот
    • Орхановиот расказ
    • Дали брјката 13 е баксузна
    • Што се случи со птицата по земјотресот
    • Севима
    • Кој ја зел книгата
    • Завист
    • Старо купувам, ново продавам
    • Дрво
    • Зошто Орхан не ја нацрта птицата
    • Рацете на мајка ми се најтопли
    • Новогодишниот сон на Орхан
    • Мамо, врати се дома
    • Цвеќе


Неџати Зекирија е поет, раскажувач, писател за деца, преведувач од турската националност во Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како уредник во редакцијата „Бирлик“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ е од 1951 година.




Monday, December 26, 2022

Читател за месец декември

 Ања Анѓеловска од 2-2 е прогласена за читател за месец декември со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот. 


Wednesday, December 7, 2022

Прогласен читател за месец ноември


Павел Велкоски од 2-2 е прогласен за читател за месец ноември со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот.


 Честитки и многу прочитани книги, Павел.

Tuesday, November 15, 2022

Библиотекарската секција на дело







Денес, 14.11.2022 библиотекарската секција во состав: Софија Ацевска, Стефан Дојчиновски, Филип Спасовски, Петар Ангеловски и Дафина Здравковска работеше во библиотеката на заведување на новите книги кои ги подарија учениците од 9-1 одд.

Исто така, членовите на секцијата се запознаа со сите фази на библиотекарското работење. Погледнете ги сликите.

Tuesday, November 8, 2022

Час по лектира и креативно пишување во 4-2 одделение во соработка со нашата библиотека

                                                          






 На 8.11.2022 година во одделението 4-2 библиотекарката на нашето училиште Наташа Старделова одржа час по лектира и креативно пишување, презентирајќи ја ги расказите „Маслинови гранчиња“, а потоа  учениците креативно твореа и пишуваа свои раскази/приказни на дадена тема.

Многу идни писатели се на повидок. Наскоро во оваа објава следат и трите најдобри приказни на темата „ Детето што плачеше“.


Детето што плачеше- од Нада Марковска


Убав е денот, топол и светол. Ама не и за Влатко. Тој е тажен. Седи сам со наведната глава и солзите капат по неговите образи. Сака да си игра со децата, ама се плаши. Секој ден едни две исти деца постојано му дофрлаат погрдни зборови. Тој трпи цело време и молчи од страв дека ќе го истепаат, бидејќи се поголеми и лоши спрема него. Не знае зошто се такви, се чуди и се прашува каде згрешил и што да прави. Си вели: - Да кажам ли на наставничката, да кажам ли на мама или на тато. Така си седи Влатко си мисли и си плаче. Девојчето Лила му пријде на Влатко и го праша зошто е тажен. И` беше жал што плаче и го покани да играат брканица. Лили ги избриша солзите на Влатко, и за момент тој навистина заборави на стравот и си вети во себе дека ќе каже на наставничката за децата и така тие ќе престанат да го навредуваат. Влатко ја прегрна Лили и со радост го прифати нејзиното другарство. 


                                           Детето што плачеше- Кристијан Јовевски

Едно дете си играше со една волшебна топка. Таа можела да лета високо и да прави други волшебни работи. Но, детето за тоа не знаело. Еден ден детето ја шутирало топката, а кога ја шутнало пресилно, во тој момент топката се скаменила. Детето се зачудило и ја шутнало уште посилно, па тогаш топката летнала високо и паднала во едно езеро, каде се скрила многу длабоко. Детето многу ја сакало својата топка и почнало да плаче бидејќи ја изгубило. Но волшебната топка го слушнала плачот на детето, се кренала и се вратила кај детето. Тоа било многу среќно, па и рекло: - Отсега ќе бидам внимателен со мојата волшебна топка. 


                                                    Детето што плачеше- Дарија Јаковчевска 

Еден убав пролетен ден тргнав на гости кај мојата другарка. Додека одев, минував низ паркот. На една клупа видов едно дете што плачеше. Се доближив до него и го прашав: - Зошто плачеш? Детето ги бришеше солзите со ракавот од блузата и молчеше. Повторно прашав: Зошто плачеш? Дали може некако да ти помогнам? Тогаш детето проговори и рече дека излегло од дома да го прошета своето кутре. Кутрето било многу среќно и детето решило да го пушти од ланецот за да потрча наоколу. Но, одеднаш детето го изгубило од вид, и сега не може да го најде. Јас му реков: - Ајде заедно да го побараме. баравме, баравме и случајно забележав кутре кое лежи исплашено под едно дрво. Детето викна по него, кутрето го здогледа и веднаш се стрча накај нас. Така заедно среќни тргнавме секој по својот пат, детето дома, а јас кај мојата другарка. 


Бонус - Песна

Детски сон- Илина Трајковска


Сонувај ти слатко, детенце

во детски сон.

Во сонот ќе видиш сенешто

куп од слатки нешта може еден тон.


Пеперутка може шарена

Поголема и од слон, 

нема нешто невозможно

во детскиот сон.


Во сонот може да те брка 

и голема страшна ѕверка,

голем јунак ќе те спаси 

или мојата баба. 


Таа ќе те гушне

и тогаш мило

мама ќе те разбуди

 и гушне силно.

Monday, November 7, 2022

Час по лектира во 5-3 во соработка со библиотеката





 На 7.11.2022 година во одделението 5-3 библиотекарката на нашето училиште Наташа Старделова одржа час по лектира, презентирајќи ја бајката „Царската ќерка жаба“ и ја претстави работата на библиотеката пред учениците. Дискутиравме и за потребата од навика за читање на дополнителна литература, која ќе ги прошири нашите видици, ќе ја збогати фантазијата и ќе оформи оригинален начин на изразување и стил кај учениците. Исто така, учениците се запознаа со електронската библиотека, како и со списанието „Наш Збор“ кое ги следи настаните и случувањата во училиштето.  

Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...