Tuesday, November 8, 2022

Час по лектира и креативно пишување во 4-2 одделение во соработка со нашата библиотека

                                                          






 На 8.11.2022 година во одделението 4-2 библиотекарката на нашето училиште Наташа Старделова одржа час по лектира и креативно пишување, презентирајќи ја ги расказите „Маслинови гранчиња“, а потоа  учениците креативно твореа и пишуваа свои раскази/приказни на дадена тема.

Многу идни писатели се на повидок. Наскоро во оваа објава следат и трите најдобри приказни на темата „ Детето што плачеше“.


Детето што плачеше- од Нада Марковска


Убав е денот, топол и светол. Ама не и за Влатко. Тој е тажен. Седи сам со наведната глава и солзите капат по неговите образи. Сака да си игра со децата, ама се плаши. Секој ден едни две исти деца постојано му дофрлаат погрдни зборови. Тој трпи цело време и молчи од страв дека ќе го истепаат, бидејќи се поголеми и лоши спрема него. Не знае зошто се такви, се чуди и се прашува каде згрешил и што да прави. Си вели: - Да кажам ли на наставничката, да кажам ли на мама или на тато. Така си седи Влатко си мисли и си плаче. Девојчето Лила му пријде на Влатко и го праша зошто е тажен. И` беше жал што плаче и го покани да играат брканица. Лили ги избриша солзите на Влатко, и за момент тој навистина заборави на стравот и си вети во себе дека ќе каже на наставничката за децата и така тие ќе престанат да го навредуваат. Влатко ја прегрна Лили и со радост го прифати нејзиното другарство. 


                                           Детето што плачеше- Кристијан Јовевски

Едно дете си играше со една волшебна топка. Таа можела да лета високо и да прави други волшебни работи. Но, детето за тоа не знаело. Еден ден детето ја шутирало топката, а кога ја шутнало пресилно, во тој момент топката се скаменила. Детето се зачудило и ја шутнало уште посилно, па тогаш топката летнала високо и паднала во едно езеро, каде се скрила многу длабоко. Детето многу ја сакало својата топка и почнало да плаче бидејќи ја изгубило. Но волшебната топка го слушнала плачот на детето, се кренала и се вратила кај детето. Тоа било многу среќно, па и рекло: - Отсега ќе бидам внимателен со мојата волшебна топка. 


                                                    Детето што плачеше- Дарија Јаковчевска 

Еден убав пролетен ден тргнав на гости кај мојата другарка. Додека одев, минував низ паркот. На една клупа видов едно дете што плачеше. Се доближив до него и го прашав: - Зошто плачеш? Детето ги бришеше солзите со ракавот од блузата и молчеше. Повторно прашав: Зошто плачеш? Дали може некако да ти помогнам? Тогаш детето проговори и рече дека излегло од дома да го прошета своето кутре. Кутрето било многу среќно и детето решило да го пушти од ланецот за да потрча наоколу. Но, одеднаш детето го изгубило од вид, и сега не може да го најде. Јас му реков: - Ајде заедно да го побараме. баравме, баравме и случајно забележав кутре кое лежи исплашено под едно дрво. Детето викна по него, кутрето го здогледа и веднаш се стрча накај нас. Така заедно среќни тргнавме секој по својот пат, детето дома, а јас кај мојата другарка. 


Бонус - Песна

Детски сон- Илина Трајковска


Сонувај ти слатко, детенце

во детски сон.

Во сонот ќе видиш сенешто

куп од слатки нешта може еден тон.


Пеперутка може шарена

Поголема и од слон, 

нема нешто невозможно

во детскиот сон.


Во сонот може да те брка 

и голема страшна ѕверка,

голем јунак ќе те спаси 

или мојата баба. 


Таа ќе те гушне

и тогаш мило

мама ќе те разбуди

 и гушне силно.

Monday, November 7, 2022

Час по лектира во 5-3 во соработка со библиотеката





 На 7.11.2022 година во одделението 5-3 библиотекарката на нашето училиште Наташа Старделова одржа час по лектира, презентирајќи ја бајката „Царската ќерка жаба“ и ја претстави работата на библиотеката пред учениците. Дискутиравме и за потребата од навика за читање на дополнителна литература, која ќе ги прошири нашите видици, ќе ја збогати фантазијата и ќе оформи оригинален начин на изразување и стил кај учениците. Исто така, учениците се запознаа со електронската библиотека, како и со списанието „Наш Збор“ кое ги следи настаните и случувањата во училиштето.  

Monday, October 31, 2022

Прогласен читател за месец октомври


 

Илина Цветановска од 3-2 е прогласена за читател за месец октомври со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот.


 Честитки и многу прочитани книги, Илина.

Литературно читање и доделување на благодарници по повод Месецот на книгата



 















На 1.11. 2022 ( вторник)  во 12.00 часот во средниот двор на училиштето се одржа литературно читање на творбите на учениците по повод Месецот на книгата. Исто така се доделија и благодарници за донираните книги. Валентина Варелова- наставник, Јана Нушева 5-1, Павел Ристовски 2-1, претставник/претседател на 5-2- добија благодарници за донираните книги. Никола Деспотовски 2-2, Софија Димеска 2-2, Ева Милосављевиќ 9-1, Антонија Спасовска 2-2, Ања Анѓеловска 2-2, Марија Василевска 2-1, Павел Ристовски 2-1 и Матеа Гиновска 4-1 ги прочитаа своите творби добија пофалници за учество на конкурсот. Матеа Гиновска од 4-1 беше наградена со пофалница за освоено прво место на конкурсот. Исто така, беше прогласен и читателот на месецот октомври, а овој пат тоа е Илина Цветановска од 3-2 одделение.


МОЈОТ СОН

 

Мојот сон е убав сон,

 мојот сон е сказна мала,

во неа ја кријам мојата тајна.

 

Мојот сон е песна слатка,

мојот сон е игра кратка.

Мојот сон е е книга што ме мами,

да сонувам  и фантазирам ме кани.

 

Се надевам дека еден ден

и мојот сон ќе стане стварност,

затоа што за мене е од голема важност.

 

Матеа Гиновска   IV – 1 одд.

ООУ,,Св.Климент Охридски”

Ментор Елена Иванова 





Thursday, October 20, 2022

Најчитани книги во месеците септември и октомври

  



Нешто друго- Кетрин Кејв, Крис Ридел

Едноставна приказна за мало и нежно суштество кое неуспешно се труди да стане како другите…

Но, тоа е поинакво. Иако се обидува да стане како другите, тоа е Нешто Друго. Еден дел се појавува друго чудно суштество кое сака да биде пријател со Нешто Друго.

Но, сега, пак, Нешто Друго не сака да се зближи со чудното суштество бидејќи тие „не се исти“…



Сказна за детето Вилен Глигор Поповски

„Сказна за детето Вилен” е новела за деца на македонскиот писател Глигор Поповски. Новелата е опишана во сказна. Таа е напишана допадливо, и го привлекува вниманието на децата. Оваа новела е задолжителна лектира за четврто одделение.


Најубавите митови од класиката- Густав Шваб



Митовите одамна веќе не се само свети приказни, туку се и извор на уметничката литература во целиот свет. И покрај големиот напредок на науката и на техниката, тие и денес, како сказни, се прераскажуваат со љубов и се читаат со голем интерес. Оваа збирка од античката ризница ги содржи најзначајните и највпечатливите приказни од грчко-римската митологија: Прометеј, Дедал и Икар, Тантал и Сизиф, Орфеј и Евридика, приказната за Аргонаутите, подвизите на Херакле и на Тезеј, несреќниот Едип, величествената Тројанска војна... Г. Шваб ги одбрал најубавите митови и мајсторски ги соединил во единствена целина. Од времето на нивното објавување, тие се едни од најважните посредници со англиската книжевна и религиозна традиција и имаат непроценливо влијание врз прифаќањето на грчко-римската митологија, и тоа не само кај децата, туку и меѓу возрасните.

Петар Пан - Џејмс Метју Бари


Петар Пан е палаво момче кое одбива да порасне.

Барајќи ја својата сенка, тој слетува во домот на Дарлингови. Се спријателува со Венди, Џон и Мајкл и ги учи да летаат (со помош на самовилска прашина).

Тој и Ѕвончица ги носат децата во земјата Недојдија, каде што среќаваат Индијанци, изгубени момчиња, пирати и лошиот капетан Кука…


Доктор Офболи- Корнеј Чуковски



„Доктор Офболи” е една од најчитаните детски книги. Тоа е класична сказна помеѓу доброто и злото, во која, се разбира дека ќе победи доброто. На брегот на морето, цела во зеленило се наоѓа куќичката на Офболи- докторот кој ги лекува животните и птиците. Со него живее неговата лоша сеста Варвара, а соседи му се девојчето Тања, и момчето Вања. Пред куќата на Офболи секогаш е живо- се собираат неговите пациенти- животните и птиците. Изданието е изборна лектира за трето одделение.

 Девојките на Марко- Оливера Николова


Девојките на Марко е приказна која ја започнува едно мало детенце по име Славе. Тој има двајца браќа – Марко и Диме. Марко е најстариот брат и служи во војска. Славе кажува дека Марко ќе дојде на отсуство од војската. Во меѓувреме разговара со брат му, Диме, кој му кажува дека отсуството од војска е најважно, бидејќи треба да се знаат начини да се насмеат девојките… Славе е ужасно збунет и воопшто не знае што да направи… Изданието е задолжителна лектира за осмо одделение.

Пајажината на Климентина- Е.Б. Вајт


Пајажината на Шарлота (англискиCharlotte's Web) — роман за деца на американскиот писател Елвин Б. Вајт од 1952 година
Во 2004 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Просветно дело, Редакција „Детска радост“, во рамките на библиотеката Лектирни изданија. Во македонскиот превод, оригиналниот наслов е променет во „Пајажината на Климентина“, а исто така, прасето Вилбур е наречено Цанко. Преводот на македонски јазик е дело на Драги Михајловски.





Monday, October 17, 2022

Литературен конкурс по повод месецот на книгата

                                         


Библиотеката при ООУ ,,Св. Климент Охридски" по повод месецот на книгата, објавува литературен конкурс во две категории (1-3 и 4-9 одделение) на темите ,,Мојот сон"  и   ,, Пловиме низ морето на фантазијата" инспирирана од  цитатот на Френсис Бејкон  Книгите се бродови кои пловат во пространите мориња на времето.“ 

Личните творби (поетски или прозни текстови) напишете ги и испратете ги на адресата на библиотеката svklimentohridskid@gmail.com или директно во библиотеката секој работен ден од 7.30 до 15.00 од 18.10 до 28.10.2022. За најуспешните творби предвидени се награди и дипломи. 


Friday, October 7, 2022

Прогласен читател за месец септември





Вероника Димишкова 3-2 е прогласена за читател за месец септември.

Јана Спасевска од 1-1 одделение е прогласена за најмлад читател на месец септември.

 Честитки и многу прочитани книги, Вероника и Јана. 

Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...