На 25. 4.2023 во средниот двор на училиштето беше одржано литературно читање по повод Денот на книгата -23 Април на кое учество зедоа учениците кои учествуваа на конкурсот Јас имам супер моќ- Јас читам- Јас творам. Погледнете ја галеријата и прочитајте ги творбите. Најуспешните творби им донесоа и дипломи на учениците:
Категорија 6-9 одделение
Матеа Стојановска 7-2 Прво место
Михаела Димитровска 6-1 Прво место
Матеа Јовановска 6-1 Второ место
Јована Петреска 6-1 Трето место
Категорија 2-5 одделение
Петар Мицевски 4-2 Прво место
Василиј Ѓорѓиевски 3-1 Второ место
Матеј Јаневски 4-1 Второ место
Марија Коцевска 5-1 Трето место
Категорија 1 одделение
Василија Ѓорѓиевска 1-2 Прво место
Михаил Стоилковски 1-2 Второ место
Јаков Петровски 1-2 Трето место
Категорија: Првоодделенци
Василија Ѓорѓиевска 1-2 Прво место
Михаил Стоилковски 1-2 Второ место
Јаков Петровски 1-2 Трето место
Категорија 6-9 одделение
Јас имам супер- моќ, јас творам
Јас со задоволство творам,
да ја освојам моќта морам.
Творењето велат било супер-моќ,
за да можам да станам позната преку ноќ.
Една рака твори,
супер моќ да створи.
Да се собереме сите во рој,
да бидеме најголемиот моќен број.
Едно дете творби пее,
така знаењето го лее.
Топлина од сонцето зрачи
на највисоката скала сака да се качи.
Матеа Стојановска 7-2
Ментор: Виолета Трпевска
Не знаеш дека постојам
Јас од тебе се кријам,
И заради тоа не можам да спијам.
Не знам дали ме сакаш,
Дали некогаш љубовта ќе ми ја враќаш?
Кога ќе те видам,
Стојам здрвен како камен,
А во срцето ми гори голем пламен.
Јас секогаш те гледам кога ќе поминеш,
но дали ти некогаш ќе ме споменеш.
По цел ден тагувам по тебе,
а кога ќе те видам,
не се однесувам како самиот себе.
Михаела Димитровска VI-1
Ментор: м-р Валентина Трајкоска
Таруно, дојде пролет
Студот пројде,
пролет дојде,
блескаат од радост
сите луѓе на овој свет.
Па, и ти Таруно.
Во душа сонце сјаи
затоа постои
месец мај.
Насиха, на кошницата
пеперуга еве слета,
Рапуш, да ти кажам
ружите цветаат
а, птиците насекаде летаат.
Ах, пролет!
Дојде живот крај реката.
(инспирирано од првиот том од трилогијата,, Белото Циганче")
Матеа Јовановска 6-1
Ментор: м-р Валентина Трајкоска
Љубовта сите нас нè движи
Љубовта сите нас нè движи
и има моќ сите да нè зближи,
таа ни дава надежи,
нè крева од сите падови.
Нека блиската љубов победува
да викнеме на глас:
,, ако секој проблем
се замени со цвеќе
страдање нема да има веќе".
Човек може да живее и без среќа ако има љубов.
Да сакаш и да бидеш сакан
е сè на светот.
Каде што има љубов-
има живот.
Љубовта е најубавото и најсилното чувство,
кое многу ѝ значи на секоја личност.
Со љубовта чувствуваме нешто многу важно-
дека постои друго суштество или друго нешто што го сакаме од дното на душата.
Јована Петреска 6-1
Ментор: м-р Валентина Трајкоска
Читањето е супер моќ, јас сум супер херој
,
Корицата е почеток на нова авантура,
кој ќе влезе внатре нема да сака да запре.
Во неа со листање на страни како да патуваш во нов свет,
и безгранично да бидеш во лет.
Брзај, читај, имај моќ и ќе пристигне ноќ,
утрото со нова страна, тоа е како храна.
Читај книга другар мој, и ќе бидеш супер херој,
читањето е раст, нека биде наша страст.
Петар Мицевски 4-2
Ментор: Јасмина Лакинска
Читањето е супер моќ - Јас сум суперхерој!
Да, другарчиња мои
книгата не е само број,
со секоја нова прочитана
јас станувам Супер-херој!
Со моќта на читањето
патувам низ цел свет,
со бродови по морето
со авиони во лет.
Запознавам нови земји,
планети, мориња, океани,
сите мудрости и знаења
во книгите се збрани.
И знам дека со читањето
добивам супер моќ и знаења нови,
јас сум Супер-херој
кој во убавините на кнгата плови.
Василиј Ѓорѓиевски III-1 одд.
Одд. наставник: Елена Симоновска
Читањето е супер моќ, јас сум супер херој
Мудрост во книгата царува,
Волшебна моќ таа ми дарува.
Страна по страна на чудесно патување нè води,
Преку книгата низ целиот свет се оди.
Научив да читам лесно, и
Потоа веќе не се најдов во тесно.
Читањето има голема моќ,
Ако не читаш и денот е ноќ.
Од незнаење со читање барам спас,
Кога читам супер херој сум јас.
Матеј Јаневски 4-2
Ментор: Јасмина Лакинска
Читањето е супер моќ, јас сум супер херој
Секогаш кога читам книга нештата кои ги читам ги замислувам како реалистични нешта. Од книгите можеме да научиме многу интересни нешта. Кога читам, замислувам дека сум во некоја авантура. Заедно плачев со Темјанка вод „Пајажината на Климентина“, ги покривав Енди и Брускога ги собираа кучињата во „Хотел за кучиња“, се радував со Пипи Долгиот Чорап во нејзините авантури.
Израснав со книгите. Од мала, па се до ден денес имам прочитано многу книги. Смешни, волшебни, тажни, среќни, големи и мали. Секогаш во слободното време читам книга. И за ништо на светот не би го заменила читањето книга. Штом таа книга има моќ да ме внесе во таа авантура, јас сум супер херој. Читањето стана дел од мојот живот, еден дел од мене.
Читањето книга стана мојот пат кон мојата иднина. Сакајте го читањето и уживајте во книгите во авантуирите на палавковците, слатките животни, другарувањата...
Марија Коцевска 5-1 одделение
Ментор: Марина Божиновска Тасевска
Читањето е супер моќ, јас сум супер херој
Книгата е мојот најдобар пријател,
со неа другарувам секој ден и секоја ноќ,
од неа добивам супер моќ.
Херој сум главен,
еден ден ќе бидам многу славен,
ќе читам, ќе пишувам,
на сите ќе раскажувам
и ќе продолжам да истражувам.
Јас имам моќ, јас сум супер херој.
Никола Деспотовски 2-2
Ментор: Лиле Велјановска
No comments:
Post a Comment