Овој месец читател на месецот е Матеј Младеновски од 2-1 одделение. Честито и уште повеќе прочитани книги ти посакуваме, Матеј!
Sunday, December 29, 2024
Thursday, December 12, 2024
Китење на елка од книги со новогодишни украси во училишната библиотека
Китење на елка од книги со новогодишни украси во училишната библиотека
Дедо Мраз се јави кај нас и замоли за помош. Во училишната библиотека донел голема елка од книги, но не стасал да ја накити. Малите првачиња од 1-1 и 1-2 се тука секогаш спремни да помогнат. Дојдоа и за час се случи чудо, елката, блесна во сиот свој сјај. А за возврат библиотекарката им прочита неколку приказни од богатата колекција на сликовници во нашето училиште.
Wednesday, November 13, 2024
Од идеја до книга
Денес, на 4.11.2024 година, во библиотеката на ООУ ,,Невена Георгиева -Дуња" се одржа литературна работилница, како активност по повод Месецот на книгата. Работилницата ја водеше Елена Симоновска, автор на романи и поезија, која го објасни процесот на создавање на книжевно дело пред учениците од училиштето ,, Невена Георгиева Дуња" и три ученички од деветто одделение од нашето училиште, Андреа Пецевска, Меланија Ангелеска и Симона Јосифовска, кои беа поканети од библиотекарката Маја Трајковиќ која беше и модератор на настанот. Гости на работилницата беа и библиотекарката Наташа Старделова и Валентина Терзиева - наставник по ТО и информатика, како дел од соработката на двете училишни библиотеки.
На работилницата во опуштена и пријатна атмосфера се поведе дискусија за инспирацијата, мотивите и процесот на пишување на книга, но и се споделија искуства и впечатоци од прочитани книги, како и совети за пишување.
Со нетрпение очекуваме набрзо и ние да бидеме домаќини кога ќе ги поканиме пријателите од ова училиште на возвратна посета.
Читател на месецот октомври
Библиотеката при ООУ „Св Климент Охридски“ с. Драчево го прогласува Махир Бајрамовски за читател на месецот октомври. Имено, се покажа дека читањето е заразно, па тој посака да ги прочита книгите на англиски јазик кои се составен дел од Проектот за читање на англиски јазик. Му честитаме и му посакуваме уште безброј други прочитани книги.
Friday, October 18, 2024
Читател на месецот септември
Библиотеката при ООУ „Св. Климент Охридски“ ја прогласува Ангелина Николоска за читател на месецот септември. Ангелина ги има прочитано сите книги на англиски во нашата библиотека, и ни поставува предизвик да набавиме уште повеќе од нив.
Thursday, May 9, 2024
Читател на месецот април
За читател на месецот април ја прогласуваме Матеа Гиновска од 5-1 одделение, која само овој месец позајми дури 7 книги на англиски јазик од нашата библиотека и ги прочита. Ти посакуваме многу прочитани книги и понатаму, Матеа!
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...






.jpg)









.jpg)
























.jpg)
