ЧЕСТИТ 2 АПРИЛ - СВЕТСКИ ДЕН НА ЛИТЕРАТУРАТА ЗА ДЕЦА
Tuesday, April 2, 2024
Го славиме Светскиот ден на литературата за деца
Thursday, March 28, 2024
Читател на месецот март
Овој месец за читател на месецот го прогласуваме Матеј Младеновски од 1-1 одделение, кој само овој месец позајми дури 13 книги од нашата библиотека и ги прочита. Ти посакуваме многу прочитани книги и понатаму, Матеј!
Friday, March 1, 2024
Резултати и фотографии од натпреварот по краснопис
По повод Денот на мајчиниот јазик- 21 Февруари во нашето училиште се одржа натпревар по краснопис, во организација на библиотеката при училиштето и наставничката по ТО и информатика, Валентина Терзиева, каде на учениците од второ до деветто одделение им беше дадено да го напишат цитатот од нашиот великан Блаже Конески:
„Послушајте Македонци! Јазикот е единствената наша татковина. Сè додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски – ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште “
Сите учесници во натпреварот се потрудија, но сепак моравме да одбереме неколку како најдобри. Ова се резултатите од натпреварот.
Одделенска настава
Прво место
Рафаела Рафаиловска 2-1
Мила Станкоска 4-1
Второ место:
Миа Димчевска 5-2
Матеа Гиновска 5-1
Трето место:
Јана Јаневска 5-1
Павел Наковски 4-2
Предметна:
прво место
Мила Трајковска 9-2 и Дафина Здравковска 9-1
второ место
Матеј Димишковски 7-2 и Максим Ѓеорѓиевски 6-2
трето место
Матеа Стојановска 8-2 и Лина Бабунска 6-2
Тарик Бајрамовски 6-1 - Пофалница
Честитки на добитниците на наградите, дипломите ќе се доделуваат во четврток 22. 02 во 12.00 за одделенска и во 12.30 за предметна настава
Читател на месеците јануари и февруари
За овие два месеци за читател на месецот ја прогласуваме Ангелина Николоска од 5-1 одделение, која ги откри книгите на англиски во нашата библиотека и прочита голем број од нив. Ти посакуваме многу прочитани книги на бројни јазици, Ангелина!
Thursday, January 25, 2024
Читател на месец декември
Овој месец ја наградуваме Лара Ѓеорѓиевска од 5-2 одделение. Таа ја прочита и книгата „Малиот Стјуарт“ меѓу другите лектири и со тоа се закити со Диплома за читател на месецот декември.
Thursday, December 28, 2023
Место за растење: Општини посветени на децата
На 25 и 26 декември 2023 беше одржана дводневна обука во организација на Првата детска амбасада ,,Меѓаши" и Центарот за семејно и детско згрижување (КМОП). Оваа обука беше продолжение на првата средба која беше со цел подигање на свеста и креирање на општини посветени на децата. Крајната цел е формирање на платформа која ќе ги унапреди детските права и ќе обезбеди поголемо детско учество. Беа поканети наставници, стручни соработници од училиштата на територија на општина Кисела Вода како и претставници од општината заеднички да дискутираат и изнајдат решенија како општината да стане подобро место за раст на најмладите. На обуката и претходеа работилници со учениците од сите училишта учесници, каде се слушнаа потребите и замислите на учениците за создавање на места за растење.
На учениците им беше важно да растат во сигурна, безбедна и чиста околина, со квалитетни институции, училишта и места за рекреација и поттикнување на креативността и талентот.
Посебно акцент на обуката се стави на врсничкото насилство со неговите разни варијации, начините за справување и техники и упатства кои секако им се од голема помош на наставниците и стручните соработници.
Претставници од нашето училиште беа Валентина Терзиева, наставник по ТО и информатика и одговорна за Ученичкиот парламент во училиштето, и Наташа Старделова, библиотекар.
,,Пламен и непокор"- промоција на книга
Денес, 15.12.2023 год. во Порта Македонија беше одржана промоцијата на втората музејска сликовница насловена ,,Пламен и непокор", на авторките Ана Вишинова и Даниела Митевска. Ова е втора сликовница од ваков вид во издание на Музејот за македонската борба за самостојност, по првата од 2019 година ,,Зад големата мисла". Ова издание го покрива периодот на Илинденското востание и веруваме ќе претставува значајно наставно помагало во образовниот процес на часовите по историја.
Од нашето училиште претставници беа наставничката по македонски јазик м-р Валентина Трајкоска и библиотекарката Наташа Старделова и ученичките Мила Цветковска, Мила Станкоска и Јована Јовановска.
Очекуваме и ова издание, како првото, да наиде на голем одзив и да се користи во секојдневниот образовен процес, а примероците на двете сликовници веќе ги красат полиците на нашата библиотека.
На промоцијата со своја музичка нумера се претставија и Симона Трајкоска, на гитара и цитера, и Оља Алексовска, вокал.
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...
-
„Орхан и децата од нашата улица“- Неџати Зекирија Можете ли да раскажете барем еден од расказите кои се напишани подолу? Направете го тоа и...
-
Кој чита, чита и во ноември и во март. Така и Јована е повторно читател на месецот, овој пат на март. Девојчето со две имиња, Кога ми ги уб...
-
Викикамп 2025 на Попова Шапка Викикамп Попова Шапка е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за ...






.jpg)










