Ретроспективна изложба и работилница инспирирана од Анета Светиева
Tuesday, June 17, 2025
Ретроспективна изложба и работилница инспирирана од Анета Светиева
Monday, June 2, 2025
Рекордер читател за учебната 2024-25 година
По целосна анализа на податоците во библиотеката ви го соопштуваме читателот-рекордер за оваа учебна година, Матеј Младеновски од 2-1 одделение. За својата посветеност тој доби и награда -книга. Честитки, Матеј! Ти посакуваме безброј прочитани книги!
Friday, May 2, 2025
„Хотел за инсекти" - доделување на благодарници
„Хотел за инсекти" - доделување на благодарници
На 29.4.2025 се заокружија активностите со проектот ,,Хотели за инсекти" заедничка соработка на повеќе училишта: „Св. Климент Охридски“, „Невена Георгиева -Дуња“ и „Св. Наум Охридски“, Националната галерија, Машински факултет и Зоолошка градина. Во зоолошката градина се презентираше досегашната работа и се поставија живеалиштата во посебно катче во градината. Изработен беше и каталог и се доделија благодарници за учесниците. Учесници во проектот беа Марија Тренкоска, Калина Боцевска, Мила Филиповска и Јана Цветановска од 8-2 одделение.
Wednesday, April 16, 2025
Прибежишта за инсекти - работилница
Денес, 2. 4. 2025, се реализираше соработка меѓу повеќе институции, Националната галерија, Зоолошката градина, Машински факултет, училиштата „Св. Климент Охридски“, „Невена Георгиева -Дуња“ и „Св. Наум Охридски“, а целтта беше на работилница да се направат живеалишта за инсекти, кои ќе бидат поставени во зоолошката градина во Скопје.
Свесни сме дека со сè поголемата урбанизација на просторот и инсектите ги губат своите живеалишта, а нивното значење е огромно како полиенатори, но и важен сегмент во кругот на животот.
Затоа, ја внесовме сета наша креативна енергија, употребивме природни материјали како трска, дрво и шишарки, гранчиња и кора од дрвја и на крајот резултатот беше голем број „Хотели за инсекти“. Учесници во работилницата од нашето училиште беа Марија Тренкоска, Калина Боцевска и Мила Филиповска од 8-2, заедно со наставничката по техничко образование, Валентина Терзиева и библиотекарката Наташа Старделова.
Читател на месец март
Читањето е заразно. Повторно ученик од 3-1 се натпреваруваше да прочита најмногу книги овој
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...
-
„Орхан и децата од нашата улица“- Неџати Зекирија Можете ли да раскажете барем еден од расказите кои се напишани подолу? Направете го тоа и...
-
Кој чита, чита и во ноември и во март. Така и Јована е повторно читател на месецот, овој пат на март. Девојчето со две имиња, Кога ми ги уб...
-
Викикамп 2025 на Попова Шапка Викикамп Попова Шапка е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за ...









































