Wednesday, April 16, 2025

Прибежишта за инсекти - работилница

 Денес, 2. 4. 2025, се реализираше соработка меѓу повеќе институции, Националната галерија, Зоолошката градина, Машински факултет, училиштата „Св. Климент Охридски“, „Невена Георгиева -Дуња“ и „Св. Наум Охридски“, а целтта беше на работилница да се направат живеалишта за инсекти, кои ќе бидат поставени во зоолошката градина во Скопје. 

Свесни сме дека со сè поголемата урбанизација на просторот и инсектите ги губат своите живеалишта, а нивното значење е огромно како полиенатори, но и важен сегмент во кругот на животот. 

Затоа, ја внесовме сета наша креативна енергија, употребивме природни материјали како трска, дрво и шишарки, гранчиња и кора од дрвја и на крајот резултатот беше голем број „Хотели за инсекти“. Учесници во работилницата од нашето училиште беа Марија Тренкоска, Калина Боцевска и Мила Филиповска од 8-2, заедно со наставничката по техничко образование, Валентина Терзиева и библиотекарката Наташа Старделова.































Читател на месец март

 Читањето е заразно. Повторно ученик од 3-1 се натпреваруваше да прочита најмногу книги овој

 месец март. Тоа е Јована Цветковска, која безмалку читаше по една книга на ден и овој месец ја наградуваме со пофалница. 

Tuesday, March 4, 2025

Работилница Направи сам и подарок книга Со малку труд многу радости

 

Работилница Направи сам и подарок книга Со малку труд многу радости

 Денес, 28.2.2025, имавме чест повторно да се видиме и дружиме со господин Ѓорѓи Чачкиров, автор на книгата ,,Со малку труд многу радости". Нашиот гостин присуствуваше на работилницата во организација на неуморната наставничка по техничко образование Валентина Терзиева, на која учениците изработуваа вежби токму од неговата книга. Макета на куќа, куќичка за птици и макета на продавница, чудесно се ствараа од вештите раце на младите моделари од 6-1 и 6-2 одделение. Гостинот ни ја откри и својата приказна дека на нивна возраст се ,,заразил" со моделарството, за потоа токму неговата страст да го одведе во височините, во вистинската смисла на зборот и да стане авијатичар. За време на часот успеавме да погледнеме и снимки од првиот лет над небото на суверена Македонија кој бил изведен токму од нашиот пилот и да видиме како изгледало Скопје од авион пред 33 години.

На крајот на часот, како благодарност за посетата му врачивме благодарница на нашиот гостин, а тој на сите ученици им подари по еден потпишан примерок од книгата. 

Еве што напишаа за нас на анторис.мк

https://antoris.mk/a/v/decata-se-interesiraat-za-modelarstvoto-i-za-vozduhoplovstvoto

































Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...