Tuesday, March 4, 2025

Работилница Направи сам и подарок книга Со малку труд многу радости

 

Работилница Направи сам и подарок книга Со малку труд многу радости

 Денес, 28.2.2025, имавме чест повторно да се видиме и дружиме со господин Ѓорѓи Чачкиров, автор на книгата ,,Со малку труд многу радости". Нашиот гостин присуствуваше на работилницата во организација на неуморната наставничка по техничко образование Валентина Терзиева, на која учениците изработуваа вежби токму од неговата книга. Макета на куќа, куќичка за птици и макета на продавница, чудесно се ствараа од вештите раце на младите моделари од 6-1 и 6-2 одделение. Гостинот ни ја откри и својата приказна дека на нивна возраст се ,,заразил" со моделарството, за потоа токму неговата страст да го одведе во височините, во вистинската смисла на зборот и да стане авијатичар. За време на часот успеавме да погледнеме и снимки од првиот лет над небото на суверена Македонија кој бил изведен токму од нашиот пилот и да видиме како изгледало Скопје од авион пред 33 години.

На крајот на часот, како благодарност за посетата му врачивме благодарница на нашиот гостин, а тој на сите ученици им подари по еден потпишан примерок од книгата. 

Еве што напишаа за нас на анторис.мк

https://antoris.mk/a/v/decata-se-interesiraat-za-modelarstvoto-i-za-vozduhoplovstvoto

































Читател на месеците јануари и февруари

 

Читател на месеците јануари и февруари

 Овој пат, избираме читател на месеците јануари и февруари. Тоа е Михаил Трајкоски од 3-1 одделение, кој во овие два месеци има позајмено и прочитано најмногу книги. Честитки за младиот читател. 

Sunday, December 29, 2024

Читател на месецот декември

 Овој месец читател на месецот е Матеј Младеновски од 2-1 одделение. Честито и уште повеќе прочитани книги ти посакуваме, Матеј!


Thursday, December 12, 2024

Китење на елка од книги со новогодишни украси во училишната библиотека

 

Китење на елка од книги со новогодишни украси во училишната библиотека

 Дедо Мраз се јави кај нас и замоли за помош. Во училишната библиотека донел голема елка од книги, но не стасал да ја накити. Малите првачиња од 1-1 и 1-2 се тука секогаш спремни да помогнат. Дојдоа и за час се случи чудо, елката, блесна во сиот свој сјај. А за возврат библиотекарката им прочита неколку приказни од богатата колекција на сликовници во нашето училиште. 



















Wednesday, November 13, 2024

Од идеја до книга

 

 Денес, на 4.11.2024 година, во библиотеката на ООУ ,,Невена Георгиева -Дуња"  се одржа литературна работилница, како активност по повод Месецот на книгата. Работилницата ја водеше Елена Симоновска, автор на романи и поезија, која го објасни процесот на создавање на книжевно дело пред учениците од училиштето ,, Невена Георгиева Дуња" и три ученички од деветто одделение од нашето училиште, Андреа Пецевска, Меланија Ангелеска и Симона Јосифовска,  кои беа поканети од библиотекарката Маја Трајковиќ која беше и модератор на настанот. Гости на работилницата беа и библиотекарката Наташа Старделова и Валентина Терзиева - наставник по ТО и информатика, како дел од соработката на двете училишни библиотеки.

На работилницата во опуштена и пријатна атмосфера се поведе дискусија за инспирацијата, мотивите и процесот на пишување на книга, но и се споделија искуства и впечатоци од прочитани книги, како и совети за пишување. 

Со нетрпение очекуваме набрзо и ние да бидеме домаќини кога ќе ги поканиме пријателите од ова училиште на возвратна посета.






















Читател на месецот октомври

 Библиотеката при ООУ „Св Климент Охридски“ с. Драчево го прогласува Махир Бајрамовски за читател на месецот октомври. Имено, се покажа дека читањето е заразно, па тој посака да ги прочита книгите на англиски јазик кои се составен дел од Проектот за читање на англиски јазик. Му честитаме и му посакуваме уште безброј други прочитани книги.

Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...