Thursday, December 28, 2023

Средба - интервју со детски автор по повод затворањето на Месецот на книгата

 Денес, 16.11.2023 во 16 часот се одржа книжевна средба - интервју со познатата авторка на детски книги и книги за возрасни Татјана Гогоска, каде се запознавме со нејзините дела и позборувавме на тема „Детето и книгата“ и дознавме за важноста на книгата и читањето во раниот детски развој. 

....Дали знаевте дека Татјана Гогоска со нашето училиште има соработувано уште во далечната 1994 година, кога за јубилејниот Патронен празник на сцена беше изведена нејзината драма за деца „Климентово училиште“...

....Дали знаевте дека авторката е сценарист на над 300 ТВ сценарија за различни телевизиски емисии, меѓу кои и култните „Во светот на бајките“, „Дајте музика“, „Големи и мали“, Светот има осум страни “, „Умни глави“, „Сезаме отвори се“, “Чирибу-Чириба“, “Ние сме нај“...

....Дали знаете дека Татјана Гогоска во 2016 година ја доби Државната награда за најдобар драмски текст, за драмата за деца „Најденко во магичниот круг“...

Сето ова и многу повеќе го дознавме на нашата средба во нашето училиште по повод затворањето на Месецот на книгата, кој беше одбележан со бројни конкурси и награди за најдобрите творби, награди од конкурсите „Жуборењата на Радика“, „Читам книга секој ден“- во организација на библиотеката од Пробиштип и Милица Паулус, „Мирисот на книгата“во организација на библиотеката од Штип и Милица Паулус, „Културно наследство“ во организација на книго-издавачката куќа „Феникс“. 

Исто така, овој месец беше набавено и ново лектирно издание кое досега го немаше во голем број во нашата библиотека.

,,Шемов и јас"

  ,,Децата помнат многу од она што го доживуваат во детството и тоа влијае во голема мера врз односот кон себе и кон другите. Посетата на галеријата и создавањето уметност е едно од таквите сеќавања. Убаво е чувството кога знаеме дека креираме весели спомени за нив."- напиша во каталогот на изложбата ,,Шемов и јас" Маја Димитрова - едукатор во Даут пашиниот амам. 

Токму такви чувства побуди овој проект на галеријата. Учесници од нашето училиште беа Сара Стојановска, Софија Ацевска, Ангела Трпевска и Теодора Томческа од 9-1 одделение, под водство на наставничката Валентина Терзиева и со поддршка од библиотекарката Наташа Старделова. Пред еден месец беше работилницата, а денес на 10.11.2023 година беше свеченото отворање на изложбата со  нивните дела. Навистина прекрасно доживување. 

Повеќе за работилницата прочитајте тука https://nas-zbor.blogspot.com/2023/10/blog-post_65.html?m=1


Читател на месецот ноември

 Овој месец го наградуваме Антонио Боневски од 6-1 одделение. Тој беше вториот кој ја прочита трилогијата „Белото циганче“, и со тоа се закити со Диплома за читател на месецот ноември. 


Monday, November 6, 2023

Читател на месец октомври

  Марко Трпчевски од 6-1 одделение е читател на месецот октомври. Тој ја прочита трилогијата ,,Белото циганче" на Видое Подгорец, а тоа значи дека покрај лектирниот дел, беше љубопитен да дознае каква била судбината на Таруно и Бреско понатаму од книгата која им е задолжителна лектира.









Tuesday, October 3, 2023

Конкурс по повод Месецот на книгата


 По повод Месецот на книгата, библиотеката при ООУ. „Св. Климент Охридски“ распиша литературен конкурс „Читам книга секој ден“. Најдобрите творби ќе бидат селектирани, наградени и прочитани на литературното читање на крајот на месец октомври.

Читател на месецот септември

  

Читател на месецот септември е Миа Јаневска од 3-2 одделение со најмногу позајмени и прочитани книги за овој месец. Честитки Миа, ти посакуваме уште повеќе прочитани книги во иднина.

Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...