Wednesday, April 12, 2023

„Донеси книга, земи си книга“ по повод Денот на книгата- 23 Април

  По повод Денот на книгата- 23 Април, библиотеката во училиштето во соработка со наставничките на 2-1 и 2-2 одделение, Тања Петков и Лиле Велјановска, спроведе акција „Донеси книга, земи си книга“ во училниците на овие одделенија. 

Идејата е да се промовира читањето и меѓусебната размена на книги кај учениците. Огромна благодарност до Коцка ентериери за изработката на овие мини библиотеки.





Friday, April 7, 2023

Читко објавува конкурс '' Супер херои''

 Создаден од вредните раце на 4-2 одделение и нивната наставничка Јасмина Лакинска, Читко се  појави еден ден ненадејно во библиотеката, за да соопшти нешто важно. 


По повод Денот на книгата -23 Април се распишува литературен конкурс ( за сите ученици од 2-9 одделение)  и ликовен конкурс (за прво одделение) на тема:
  „Читањето е супер-моќ- Јас сум супер-херој“( за учениците од одделенска настава) односно
„Јас имам супер-моќ, јас творам“ (за учениците од предметна настава)
Составите или песните, а за првоодделенците, цртежите, доставете ги кај своите наставнички или во библиотеката најдоцна до 21.4.2023. На 24.04.2023 по повод Денот на книгата, ќе се одржи литературно читање и ќе бидат наградени најдобрите творби. 







 

Monday, April 3, 2023

Светскиот ден на литературата за деца - 2 април се одбележа во нашата библиотека

 Светскиот ден на литературата за деца 2 април се одбележа во нашата библиотека со пригодни активности. Учениците од 4-2 твореа и создадоа 3-Д фигура на млад читател. Учениците од седмо одделение ја разменуваа лектирата „Мојот звук“ на Оливера Николова. Учениците од 3-2 во рамките на редовните посети самите прошетаа меѓу полиците и одбираа што ќе позајмат следно.

Sunday, April 2, 2023

Читател на месец март

Марко Стојчески од 2-2 е прогласен за читател за месец март со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот. 

Thursday, March 2, 2023

Читател на месеците јануари и февруари

 Мартина Тодорова од 2-2 е прогласена за читател за месец јануари и февруари со позајмени и прочитани најмногу книги во овие два месеци.

                

Thursday, February 9, 2023

Петар Пан- Креативен пристап при обработка на лектира



 Можете ли да раскажете барем еден од дел од книгата?

А да нацртате?

 Направете го тоа и донесете ги своите мини книги за лектира во библиотеката на училиштето. Следуваат награди за најкреативните изработки.

Wednesday, February 8, 2023

Најчитана книга во месец јануари е „Орхан и децата од нашата улица“ од Неџати Зекирија

 „Орхан и децата од нашата улица“- Неџати Зекирија

Можете ли да раскажете барем еден од расказите кои се напишани подолу? Направете го тоа и донесете ги своите прераскажувања во библиотеката на училиштето. Следуваат награди за најкреативните прераскажувања и за оние кои ќе раскажат најмногу раскази.

Изданието „Орхан“ од авторот Неџати Зекирија претставува изборна лектира за учениците од четврто одделение.

Збирката „Орхан“ (издание од 2004 година) содржи 33 раскази, поделени во четири циклуси:

  • Децата од нашата улица
  • Кој е смел?
  • Сказна за елката, и тажна и радосна
  • Како Орхан ја зaмислува слободата
  • Зошто запреле автобусите
  • Пајтонџијата и децата
  • Подарок за мајката
  • Стариот поштар
  • Оркестар
  • Орханови се преселија во нова куќа
  • Што е убаво, а што грдо
  • Мали и големи деца
  • Ѕидот како сведок
  • Најскап кој е
  • Деца фалбаџии
  • Птица
  • Роденден
  • Не ја зедов, туку ја изедов
  • Сказна за една слива
  • Сон
  • Тројца другари
  • Топола

  • Децата од новата улица
    • Момчето од циркусот
    • Орхановиот расказ
    • Дали брјката 13 е баксузна
    • Што се случи со птицата по земјотресот
    • Севима
    • Кој ја зел книгата
    • Завист
    • Старо купувам, ново продавам
    • Дрво
    • Зошто Орхан не ја нацрта птицата
    • Рацете на мајка ми се најтопли
    • Новогодишниот сон на Орхан
    • Мамо, врати се дома
    • Цвеќе


Неџати Зекирија е поет, раскажувач, писател за деца, преведувач од турската националност во Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како уредник во редакцијата „Бирлик“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ е од 1951 година.




Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината

  Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината   Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...