Светскиот ден на литературата за деца 2 април се одбележа во нашата библиотека со пригодни активности. Учениците од 4-2 твореа и создадоа 3-Д фигура на млад читател. Учениците од седмо одделение ја разменуваа лектирата „Мојот звук“ на Оливера Николова. Учениците од 3-2 во рамките на редовните посети самите прошетаа меѓу полиците и одбираа што ќе позајмат следно.
Monday, April 3, 2023
Sunday, April 2, 2023
Читател на месец март
Марко Стојчески од 2-2 е прогласен за читател за месец март со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот.
Thursday, March 2, 2023
Читател на месеците јануари и февруари
Мартина Тодорова од 2-2 е прогласена за читател за месец јануари и февруари со позајмени и прочитани најмногу книги во овие два месеци.
Thursday, February 9, 2023
Петар Пан- Креативен пристап при обработка на лектира
Можете ли да раскажете барем еден од дел од книгата?
А да нацртате?
Направете го тоа и донесете ги своите мини книги за лектира во библиотеката на училиштето. Следуваат награди за најкреативните изработки.
Wednesday, February 8, 2023
Најчитана книга во месец јануари е „Орхан и децата од нашата улица“ од Неџати Зекирија
„Орхан и децата од нашата улица“- Неџати Зекирија
Можете ли да раскажете барем еден од расказите кои се напишани подолу? Направете го тоа и донесете ги своите прераскажувања во библиотеката на училиштето. Следуваат награди за најкреативните прераскажувања и за оние кои ќе раскажат најмногу раскази.
Изданието „Орхан“ од авторот Неџати Зекирија претставува изборна лектира за учениците од четврто одделение.
Збирката „Орхан“ (издание од 2004 година) содржи 33 раскази, поделени во четири циклуси:
- Децата од нашата улица
- Кој е смел?
- Сказна за елката, и тажна и радосна
- Како Орхан ја зaмислува слободата
- Зошто запреле автобусите
- Пајтонџијата и децата
- Подарок за мајката
- Стариот поштар
- Оркестар
- Орханови се преселија во нова куќа
- Што е убаво, а што грдо
- Мали и големи деца
- Ѕидот како сведок
- Најскап кој е
- Деца фалбаџии
- Птица
- Роденден
- Не ја зедов, туку ја изедов
- Сказна за една слива
- Сон
- Тројца другари
- Топола
- Децата од новата улица
- Момчето од циркусот
- Орхановиот расказ
- Дали брјката 13 е баксузна
- Што се случи со птицата по земјотресот
- Севима
- Кој ја зел книгата
- Завист
- Старо купувам, ново продавам
- Дрво
- Зошто Орхан не ја нацрта птицата
- Рацете на мајка ми се најтопли
- Новогодишниот сон на Орхан
- Мамо, врати се дома
- Цвеќе
Неџати Зекирија е поет, раскажувач, писател за деца, преведувач од турската националност во Македонија. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како уредник во редакцијата „Бирлик“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ е од 1951 година.
Monday, December 26, 2022
Читател за месец декември
Ања Анѓеловска од 2-2 е прогласена за читател за месец декември со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот.
Wednesday, December 7, 2022
Прогласен читател за месец ноември
Павел Велкоски од 2-2 е прогласен за читател за месец ноември со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот.
Честитки и многу прочитани книги, Павел.
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината
Ја славиме книгата на Светскиот ден на книгата- се дружиме со неа 365 дена во годината Светскиот ден на книгата и авторските права е пот...
-
„Орхан и децата од нашата улица“- Неџати Зекирија Можете ли да раскажете барем еден од расказите кои се напишани подолу? Направете го тоа и...
-
Кој чита, чита и во ноември и во март. Така и Јована е повторно читател на месецот, овој пат на март. Девојчето со две имиња, Кога ми ги уб...
-
Викикамп 2025 на Попова Шапка Викикамп Попова Шапка е тродневен Викикамп за членовите на Вики Клубовите во Македонија, што се одржува за ...


