Илина Цветановска од 3-2 е прогласена за читател за месец октомври со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот.
Честитки и многу прочитани книги, Илина.
Илина Цветановска од 3-2 е прогласена за читател за месец октомври со позајмени и прочитани најмногу книги во месецот.
Честитки и многу прочитани книги, Илина.
На 1.11. 2022 ( вторник) во 12.00 часот во средниот двор на училиштето се одржа литературно читање на творбите на учениците по повод Месецот на книгата. Исто така се доделија и благодарници за донираните книги. Валентина Варелова- наставник, Јана Нушева 5-1, Павел Ристовски 2-1, претставник/претседател на 5-2- добија благодарници за донираните книги. Никола Деспотовски 2-2, Софија Димеска 2-2, Ева Милосављевиќ 9-1, Антонија Спасовска 2-2, Ања Анѓеловска 2-2, Марија Василевска 2-1, Павел Ристовски 2-1 и Матеа Гиновска 4-1 ги прочитаа своите творби добија пофалници за учество на конкурсот. Матеа Гиновска од 4-1 беше наградена со пофалница за освоено прво место на конкурсот. Исто така, беше прогласен и читателот на месецот октомври, а овој пат тоа е Илина Цветановска од 3-2 одделение.
МОЈОТ СОН
Мојот сон е убав сон,
мојот сон е сказна мала,
во неа ја кријам мојата тајна.
Мојот сон е песна слатка,
мојот сон е игра кратка.
Мојот сон е е книга што ме мами,
да сонувам и фантазирам ме кани.
Се надевам дека еден ден
и мојот сон ќе стане стварност,
затоа што за мене е од голема важност.
Матеа Гиновска IV – 1 одд.
ООУ,,Св.Климент Охридски”
Ментор Елена Иванова
Едноставна приказна за мало и нежно суштество кое неуспешно се труди да стане како другите…
Но, тоа е поинакво. Иако се обидува да стане како другите, тоа е Нешто Друго. Еден дел се појавува друго чудно суштество кое сака да биде пријател со Нешто Друго.
Но, сега, пак, Нешто Друго не сака да се зближи со чудното суштество бидејќи тие „не се исти“…
Сказна за детето Вилен Глигор Поповски
Најубавите митови од класиката- Густав Шваб
Митовите одамна веќе не се само свети приказни, туку се и извор на уметничката литература во целиот свет. И покрај големиот напредок на науката и на техниката, тие и денес, како сказни, се прераскажуваат со љубов и се читаат со голем интерес. Оваа збирка од античката ризница ги содржи најзначајните и највпечатливите приказни од грчко-римската митологија: Прометеј, Дедал и Икар, Тантал и Сизиф, Орфеј и Евридика, приказната за Аргонаутите, подвизите на Херакле и на Тезеј, несреќниот Едип, величествената Тројанска војна... Г. Шваб ги одбрал најубавите митови и мајсторски ги соединил во единствена целина. Од времето на нивното објавување, тие се едни од најважните посредници со англиската книжевна и религиозна традиција и имаат непроценливо влијание врз прифаќањето на грчко-римската митологија, и тоа не само кај децата, туку и меѓу возрасните.
Петар Пан - Џејмс Метју Бари
Девојките на Марко- Оливера Николова
Личните творби (поетски или прозни текстови) напишете ги и испратете ги на адресата на библиотеката svklimentohridskid@gmail.com или директно во библиотеката секој работен ден од 7.30 до 15.00 од 18.10 до 28.10.2022. За најуспешните творби предвидени се награди и дипломи.
Јана Спасевска од 1-1 одделение е прогласена за најмлад читател на месец септември.
Честитки и многу прочитани книги, Вероника и Јана.
Денес, на 4.11.2024 година, во библиотеката на ООУ ,,Невена Георгиева -Дуња" се одржа литературна работилница, како активност по по...